Прв пат во „Борис Трајковски“: Златна бубамара на популарноста на 24 февруари
Златна бубамара на популарноста ги започна подготовките за најновото издание на долгоочекуваното шоу. По повод 21-вото издание, упатија соопштение до јавноста, во кое, меѓу другото, се вели:
„Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, доаѓа 21 издание на Златна БУБАМАРА, кое не смеете да го пропуштите. Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено ни преостанува – добра забава! Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС! Затоа излезете од општествениот притвор и отворете ги портите за многу подобар живот!
ЧАКАМ ТЕ ДА ДОЈДЕШ, ЧАКАМ ТЕ СОС БУЈНА СТРАСТ – Нова власт, со иста сласт
Патни трошоци не ви признаваме, а за другото че разговараме, дискутираме, дебатираме. И да знаете колку и да трае – ЧЕ СИ СЕДИТЕ!
Музичкиот спектакл ќе се одржи на 24-ти февруари, а традиционално – сценариото, наградените и учесниците се наше дискреционо право, се вели во соопштението.
Дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн продажба на 20-ти декември преку МКТИКЕТС.