Прва ревија на Нела Тодоровска: Македонска носија во комбинација со панк стилот


Во четврток (14 декември) во 20 часот, во МКЦ, ќе се одржи првата самостојна ревија на Нела Тодоровска, член на платформата Not Just a Label, која ги промовира младите современи дизајнери.

Традиционалниот стил преработен со модна деконструкција, го води модниот дизајнер во зоната на експеримент и иновација врз нешто познато, македонскиот традиционален костум.Кројот на традиционалната македонска носија во комбинација со Punk стилот дава ефект на модерен, футуристички и нослив аутфит. А, пак, комбинацијата на традиционалните материјали и неопренот, кој е сега хит во модните колекции на секое парче му дава шик изглед. Таква е колекцијата на Нела, која дизајнира под брендот „Маригуча“.