Починал пешак откако во него удрил „голф”


Патничко моторно возило „голф“ управувано од Г.П.(46), денеска во 11:20 часот удрило во пешак М.Ш.(67) на улицата „Биди маж“ во Прилеп.

Од здобиените повреди пешакот починал. Увидот е во тек, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.