Поради пожар евакуиран кат на белградската Воено-медицинска академија


Пациентите и вработените од вториот кат на белградската Воено-медицинска академија вечерва бил евакуиран откако избил помал пожар.

Пожарот избил на одделението за хематологија. Триесетина пожарникари со десет возила интервенирале во болничкиот комплекс. Српските медиуми јавуваат дека во пожарот немало повредени.