Поништена ослободителната пресуда за Насер Ориќ


Апелациски совет на суд во БиХ укина ослободителна пресуда за Насер Ориќ, командант на т.н. армија на БиХ и побара обновување на процес.

Судот уважи жалба на тужителот во предметот „Насер Ориќ“, во врска со неусогласеност на јавно објавена и напишана пресуда.

Од Судот за босански медиуми изјавија дека одлуката е донесена и дека ќе биде позната откако ќе се достави до странките. Станува збор за второстепена одлука на суд.

Суд во БиХ лани во октомври изрече ослободителна пресуда за Насер Ориќ и припадник на т.н. армија на БиХ на кои им се судеше по обвинување за злосторства против воени заробеници Срби во Братунац и Сребреница во 1992 година односно за злосторства во три села oд околината.