Полициски „шевролет“ удри во автомобил во Аеродром


Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 15.30 часот во близина на „Мајчин дом“ во скопската населба Аеродром, потврди Министерството за внатрешни работи. Според МВР, полициски „шевролет спарк“ удрил во автомобил „ауди“, по што двајцата патници од приватното возило се повредени и завршиле во Ургентниот центар. Истрагата е во тек, а повеќе детали се најавуваат за утре.