Познат мотивот за убиството во Дебар: На Блерта не ѝ дозволиле да се омажи за Италијанец


Познат мотивот за тројното убиство во Дебар

Постарата ќерка на убиеното семејство, Блерта Поцеста (28) признала дека го организирала убиството, но не и дека го извршила, пишува Коха повикувајќи се на извори од истрагата.

Според весникот, на Блерта од страна на нејзиното семејство ѝ било забрането да стапи во брак со италијански државјанин.

Форензичкиот тим на полицијата во куќата на убиените пронашла траги само од Блерта, но не и од другите две лица кои биле вмешани.

Како што соопшти МВР, кривични пријави се поднесени против Блерта П. (28) и против Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар за помагање во убиството на Амит Поцеста (54), неговата сопруга Назмије (53) и нивната ќерка Анила (14). Сите се приведени.

Неофицијално, откако Б.П. го извршила грозоморното убиство отпатувала за Италија, по што повторно се вратила во Дебар, откако роднините „ја известиле“ за трагичниот настан.

Поцеста беа застрелани со пиштол на 26 август во утринските часови во нивниот дом додека сопружниците спиеле во спалната соба, а девојчето во неговата соба. Биле пронајдени од близок роднина истиот ден околу 21 часот.

Сопружниците речиси три децении со своите три ќерки живеле и работеле во Италија, а во родниот крај вообичаено, како и секоја година, доаѓале за време на летниот одмор.

Како што пишува Коха, Блерта ѝ била позната на италијанската полицијата како регистриран корисник на наркотични дроги.