Пожар во стан во Стар Аеродром


Пожар избувна попладнево во стан во новите згради во близина на полииклиниката „Јане Сандански“ во населбата Стар Аеродром во Скопје.

Пожарот е во стан на ул. „Пандил Шишков“ бр. 8.

На терен се испратени три противпожарни возила и двете пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.