Пожар во куќа во населбата 11 Октомври


Пожар попладнево избувна во куќа во населбата 11 Октомври“ во Кисела Вода.

– Опожарена е внатрешна просторија во куќата и нема повредени – изјави Ѕвонко Томевски, командант на Противпожарната единица на Град Скопје.

Интервенирано е со три возила и осум пожарникари. Пожарот е изгаснат, екипите сѐ уште го расчистуваат теренот.

Засега не се познати причините за пожарот, кој бил пријавен во 17.10 часот.