Повредено дете, му паднала тенда врз глава


Едно тринаесетгодишно дете е повредено откако вчера попладнето од силниот ветар врз глава му паднала тенда на игралиште во Топаанско Поле во Скопје.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера попладнето околу 17:30 часот на игралиште на улица „Ѓорги Поп Христов“ во Топаанско Поле во Скопје додека 13-годишното дете играло со други деца.

По несреќата детето било пренесено во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.