Повредени 12 странски државјани во сообраќајка кај Радовиш


Во тешка сообраќајка на патниот правец Штип-Радовиш повредени се 12 лица од Бангладеш и Шри Ланка.

Од Штипската клиничка болница за МИА потврдија дека се примени 12 повредени од сообраќајката и се прегледани од хирург и ортопед.

Директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев изјави дека по извршените прегледи и добиени снимки ќе се утврди кои од повредените ќе бидат задржани на болничко лекување.

Како што претходно соопшти АМСМ, сообраќајот Радовиш-Штип кај рудникот Бучим е во прекин во двата правци.

Ова е втора тешка сообраќајка денеска во источниот дел на Македонија со поголем број повредени.

11 лица, од кои двајца потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случи рано утрово на магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село на влезот пред  селото Робово.