Повлечено обвинението за Шиповиќ


Јавното обвинителство го повлече обвинителниот акт за сите обвинети во предметот наречен „Претседавач“, кој првенствено се врзуваше со поранешниот претседател на Советот на општина „Центар, Мирослав Шиповиќ и фирмата „Машинопромет, јави правосудство.мк .

Одлуката на Обвинителството е своевидно изненадување, бидејќи повлекувањето на обвинението се случи во завршен збор на застапникот на обвинителниот акт.
Судечкиот совет, во кој се судијките Џенета Бектовиќ и Сандра Крстиќ, само го констатираа она што беше соопштено од Обвинителот.