Пелистер во Скопје го порази Вардар и го напушти дното на табелата


Пелистер го порази Вардар во Скопје со резултат 2:3 во рамките на 34 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Вардар поведе со голот на Тигран Барсегјан во осмата минута, а Иве Трифуновски успешно реализираше пенал во 13 минута за израмнување од 1:1.

Дејан Блажевски во 60 минута од пенал повторно му донесе предност на Вардар.

Но, по само осум минути Благојче Коњарски реализираше за 2:2, а во судиското продолжение Наумовски постигна гол за победа на Пелистер од 2:3.

Со оваа победа Пелистер се подигна од дното на табелата каде сега е ФК Скопје и со 34 бодови има шанси да го избегне излегувањето во втора лига.

Од останатите натпревари Работнички на гости ја совлада Академија Пандев со 0:1, а стрелец на победничкиот гол во 87 минута беше Чарлс Гофри.

Работнички стигна до значајни три бода и искачување на третата позиција, која носи пласман во Лигата на Европа.

Победа го совлада Силекс со 1:0, а Зоран Даноски во 49 минута беше стрелец на единствениот гол.

Шкупи ја победи Ренова со 3:0, а Шкендија убедливо го совлада Скопје со 3:1.