Педесет и седумгодишен неготинец загинал од струен удар


Педесет и седумгодишен неготинец загинал денеска од струен удар, потврди вечерва за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Несреќниот случај настанал кај трансформатор во Неготинско. Засега нема повеќе детали за околностите во кои се случила несреќата.