Параглајдерист загина кај Гевгелија


Четириесет и седумгодишен жител од Мрзенци почина вчера околу 15 часот во близина на манастирот „Свети Илија“ кај гевгелиското село Сермин. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека М.Ќ., кој бил член на Клуб за екстремни спортови, успешно слетал со параглајдер, но потоа му се слошило и по кратко време починал.

„Од страна на лекар од  Итната медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија. По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција“, велат од МВР.