„Охрид колинг“ е најуспешна туристичка манифестација во 2018


По повод  Светскиот ден на туризмот- 27-ми септември, Авалон Продукција доби признание за фестивалот „Охрид Колинг“ како Најуспешна туристичка манифестација во 2018 година!

Според Министерството за економија, продукцијата дава голем придонес во развојот на туризмот во Република Македонија.

Годинава на фестивалот настапија светските диџеи Армин ван Бјурен, Димитри Вегас и Лајк Мајк, Роџер Санчез и Салваторе Ганачи, на местото на Џекс Џонс кој не се појави во охрид заради поатрактивна тезга-радиско шоу на Ибица.