Осум илјади литри масло за греење украдени од Специјалниот завод во Демир Капија


Осум илјади литри масло за греење биле украдени од Специјалниот завод во Демир Капија, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Кражбата била пријавена на 28 септември. Според писмената пријава од институцијата, маслото за греење било одземено во периодот од 19 до 28 минатиот месец, од просторијата каде што се сместени котлите за парно греење и резервоарите.