Оскари 2019: 347 остварувања се борат за најдобар филм


САД– Тристачетириесет и седум остварувања ќе се борат за Оскарот за најдобар филм што ќе биде доделен на 24 февруари. По 1970 година кога конкурираа 374 филмски наслови, идната година ќе биде рекордна. На листата се  и остварувањата на Алфонсо Куаронс  “Roma,” на Бредли Купер  “A Star Is Born,” и на Јоргос Латимос „Тhe Favourite“…

Најмногу 10 филмови можат да бидат номинирани за категоријата, а ќе бидат објавени на 22 јануари.

Македонскиот филм „Исцелител“ и покрај интензивната промоција во Холивуд, за жал не успеа да влезе меѓу деветте филмови кои ќе се натпреваруваат за „Оскар“ во категоријата од неанглиско говорно подрачје.