Опожарени две камп приколки и еден помошен објект на езерото Треска


Опожарени се две камп приколки и еден помошен објект на езерото Треска. Случајот бил пријавен во полиција изутрината околу 9 часот.

Како што информира МВР, сопственик на едната приколка е С.З. (44) од Скопје, а на другата се уште не се знае сопственикот.

Полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот како и за висината на материјалната штета.

На улицата „Моша Пијаде“ во Куманово изутрината, околу 2:30 часот, целосно изгорело патничко моторно возило „Ауди А4“ со кумановски регистарски ознаки.

Возилото е сопственост на С.К. од Куманово со стан на истата улица. Полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.