Од удар од гром изгоре викендичка во скопско


Викендичка во скопското село Нова Брезница изгоре во пожар што се случи синоќа околу 21:40 часот.

Во пожарот паднала кровната конструкција на куќата, но за среќа во моментот во домот немало никој. Причина за пожарот е удар од гром.

Пожарот е изгаснат околу 01:10 часот, а во гаснењето интервенирале 11 пожарникари со пет пожарникарски возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.