Од продавница во Велес украдени 22 лаптоп-компјутери


Како што известуваат од МВР, во продавницата „Нептун“ во Велес, во вчера или завчера непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што со употреба алат ги отстранил катанците од влезната врата, го искршил стаклото, влегол внатре и одзел 22 лаптоп-компјутери, разни марки и модели, по што го напуштил местото на настанот.

Од велешката полиција велат дека во истиот временски период, извршено е и кривичното дело одземање патничко моторно возило, при што е одземено „фиат уно“ со велешки регистарски таблички, сопственост на С.П. од Велес кое било паркирано во непосредна близина на наведената продавница.

Од полицијата преземаат активности за пронаоѓање на сторителот.