Одложени рочиштата за „Тотал“ и „Труст“, Латас не дојде на суд


Новинарот Драган Павловиќ Латас кој е осомничен за даночно затајување во предметот на СЈО „Тотал“, како што информираше неговата одбрана, поради лични и семејни причини не присуствуваше на денешното рочиште. Одбраната на Латас за неговата неможност да присуствува, пред Судот достави доказ од клиника.

Новинарот Драган Павловиќ-Латас е осомничен за даночно затајување како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје и се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.

Поради немање услови за главната расправа, судијката Славица Наумова Јосифовска, расправата ја одложи за 30 март.

Се одложи и рочиштето за случајот „Труст“ во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица.

Судењето се одложи бидејќи економскиот вештак кој го понуди одбраната да сведочи, бил спречен да присуствува.

Осомничените во „Труст“, според обвинението, со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.