Одбраната на Груевски бара изземање на судечкиот совет на Апелација


По половина час пауза судечкиот совет на Апелација донесе одлука да се одржи јавната расправа за случајот „Тенк“ и покрај неприсуството на адвокатите на обвинетиот Никола Груевски. Тие се присутни на рочиште за насилствата во Собранието на 27 април поради што беше побарано одложување на денешната расправа. Во нивно име се обрати адвокатот Стерјо Зиков, кој му е бранител на сообвинетиот Ѓоко Поповски и побара судот да ја преиспита одлуката. Истото го направи и самиот Груевски. Откако сето тоа беше одбиено, Зиков поднесе писмено барање потпишано од сите пет адвокати на одбраната со кое се бара изземање на овој судечки совет со кој раководи судијката Цветанка Периќ. Во моментов Апелација го разгледува барањето. (Г.А.)