Ограбен поштар, му земале 6.500 евра


Поштар од село Копаница денеска бил ограбен од две маскирани лица пред ресторан во село Глумово. Ограбувачите со закана со пиштол му одзеле 400.000 денари.

Како што соопшти МВР, ограбувачите околу 9 часот пред ресторанот со патничко моторно возило „Голф 4“ со непознати регистарски ознаки и со закана со пиштол од поштарот Е.И.(53) ги одзеле парите по што го напуштиле местото на настанот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.