Ограбена Шарената џамија во Тетово


Непознат сторител ноќта меѓу 21 и 22 јануари извршил тешка кражба во Шарената џамија во Тетово. Во друг случај непознат сторител извршил тешка кражба во обид и во тетовската џамија Ринис.

МВР информира дека во првиот случај сторителот насилно ја отворил влезната врата на Шарената џамија, влегол внатре и од кутијата за доброволен прилог ги одзел парите (околу 500 денари во разни апоени, пет евра и пет турски лири) и побегнал во непознат правец.

Во вториот случај сторителот со употреба на подесен алат насилно отворил прозор во џамијата „Ринис“, влегол внатре, но откако се активирал алармот побегнал во непознат правец.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.