Ограбена банка на магистралниот пат Приштина-Урошевац


Вооружен грабеж на филијала на банката ТЕБ се случи денеска на магистралниот пат Приштина-Урошевац, при што, според сведоци на настанот, имало и пукотници од огнено оружјке.

Грабежот на филијалата на банката во месноста Чаглавица се случил околу 15 часот попладнево, а, според првичните информации на полицијата, го извршиле четири вооружени лица.

– Веднаш по добивањето на информацијата, регионалните структури за истрага на злосторства со зголемен интензитет започнаа со преземање на низа оперативни и истражни дејствија. Според првичните резултати на стручниот тим кој ја води истрагата, се претпоставува дека грабежот го извршиле четворица осомничени, кои биле вооружени, се вели во полициското соопштение.

Осмоничените по грабежот го напуштиле местото со автомобил, кој е идентификуван од страна на полицијата.

Нема информации за повредени лица при грабежот, а се уште не се знае ни колкава е сумата на пари кои ограбувачите ја однеле со себе.