Нов инцидент во станот кајшто беа најдени пелените – бабата заборавила тенџере на оган


Нов инцидент се случи вчеравечерта во станот во трговскиот центар „Скопјанка“ каде со месеци беа чувани валкани пелени кои ширеа непријатна миризба поради која пред извесно време беа евакуирани сите станари од првиот влез.

Противпожарната екипа вчера интервенирала во станот откако соседите пријавиле дека од станот излегува чад. Пожарникарите морале насилно да влезат во станот, бидејќи никој не отворал. Бабата во чија сосптвеност е станот и која ги чувала валканите пелени од нејзината мајка, спиела, а на шпоретот имало оставено тенџере од кое протекувало вода.

Во станот нема направено материјална штета, а новиот инцидент покажува дека проблемот со ова семејство се уште не е решен. Во станот живееше соп своите внуци, а таткото на децата обвини дека мајката ги оставила своите деца со бабата и заминала да живее со друг маж.

Обвинителството отвори предмет и се уште истражува дали има запоставување на децата. Бабата е болна и не сака да се лекува, а во изјава за полицијата рекла дека пелените ги чувала бидејќи била немоќна и не излегувала надвор, а на внукот не му дозволувала да чисти.