Нови детали: Кашоги запален во печка, горел три дена


Телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги веројатно е спалено во голема печка која се наоѓа во амбасадата на Саудиска Арабија во Истанбул.
Нови информации се објавени во документарниот филм што во недела вечерта го емитуваше телевизијата Al Jazeera Arabic.
Турските власти веќе од претходно се сомневаа на печката која се наоѓа во дворот. Освен тоа, се сомневале дека вреќите во кои се наоѓале остатоците  на новинарот во еден момент, се пренесени од конзулатот во станот што се наоѓа на стотина метри понатаму.
Во документарецот се наведува дека работник изградил печка според спецификација на саудискиот конзул. Печката, наводно, требало да биде длабока и морала да издржи температура повеќе од 1.000 степени Целзиусови, доволни да се растопи метал/
Откако новинарот е кремиран, во печката се печело месо за да се скријат трагите. Телото на новинарот горело три дена, истакнува извор близок на истрагата. Во документарецот учествуваа бројни политичари, работници на безбедносните служби и пријатели на новинарот.
Потсетуваме дека на почетокот на октомври лани, Џамал Кашоги, критичар на саудискиот режим и повремен дописник на „Washington Post”, влегол во саудискиот конзулат во Истанбул за да побара документи за венчавка со турска вереница која го чекала пред конзулатот. Но, од конзулатот никогаш не излегол.
Саудиска Арабија од почеток негираше секаква врска со исчезнувањето на новинарот и тврдеа дека жив излегол од конзулатот. Но, дополнително се утврди дека е убиен, а сите докази упатуваа на врвот на власта во Саудиска Арабија. Остатоците од новинарот никогаш не се пронајдени.