Нова сообраќајка со жртва во Скопје – прегазен старец


Старец на возраст од 83 години почина на Клиничкиот центар откако вчера бил прегазен на улица „Македонско косовска бригада“.

Несреќата се случила околу пладне кога автомобил „фолксваген пасат“, кој го упраувал шеесет и тригодишен скопјанец, удрило во старецот кој ја поминувал улицата.

Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде во 13,30 часот од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен е увид на местото на настанот.