Новата обвинителка Трајчева ги добила предметите на Раичевиќ


Предметите во кои до пред само една недела постаувала обвинителката Лидија Раичевиќ во иднина ќе ги работи нејзината колешка Ивана Трајчева, која од 31. минатиот месец е дел од тимот обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Како што дознава правосудство.мк предметите на Трајчева и биле дадениминатиот петок, само два дена по нејзиниот избор во Обвинителството за гонење  организиран криминал, односно два дена по неизборот на Лидија Раичевиќ.