Низ Хрватска минува воз натоварен со тенкови, никој не дава информации за што се работи


Воз натоварен со тенкови предизвика зачуденост во хрватскиот град Копривница откако се појави на тамошната железничката станица, објави порталот Podravski.hr.

Како што се наведува, композицијата пристигнала во градот во попладневните часови и била на колосекот неколку часа. Шефот на станицата Жељко Камбер вели дека тој не е овластен да дава информации.

„Искрено, не знам од каде дојдоа тенковите ниту, пак, знам каде одат. Но, дури и да ги имам овие информации, не би смеел да ви ги откријам“, вели Камбер.

Во текстот се наведува дека композицијата со оружје патувала источно, во Унгарија, а според некои информации, тенковите биле претходно истоварени во Риека и се упатиле кон чешкиот Штернберк, каде што требало да бидат репарирани.