На обвинетиот Тошта му се слоши и падна во судница


На еден од обвинетите за нападот врз пратеникот Зијадин Села, Александар Јаневски – Тошта му се слоши во судница и падна, откако обвинителот соопшти дека за него нема измени во обвинетието и останува обвинет за обид за убиство врз Села.

Тошта изреволтиран рече дека и покрај многу снимки што биле прегледани за овој случај, него му се судело за назпад, а тој го заштитувал Села.

– Зошто ме судите, ова е некоја нарачка одозгора по телефон. Ме судите зашто сум вмровец и основач на ВМРО – рече Тошта во судот.

Обвинителот Дарко Јаневски го ослободи од обвинение Сашко Сенков и го преквалификува делото за двајца од обвинетите, Цане Георгиевски и Стојан Павлески. Тие сега се товарат за насилство, а за останатите седумина обвинети во овој случај, останува истото дело „Обид за убиство врз Села“.

Ф.Ф.С.

фото:Борис Грданоски