На Мијалков и на Тачи одложено судењето за октомври


Поради неприсуство на двајца сведоци, како и поради тоа што записникот од минатото рочиште не било преведено на албански јазик, денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ не се одржа.

Обвинетиот Мендух Тачи инсистираше да му биде обезебеден преведувач на албански јазик. Тој беше присутен во судницата и бараше да му се почитуваат законските права и изјавите на сведокот од минатото рочиште да го добие и на албански јазик за да може поубаво да го разбере и да постави прашање.

По речиси полчасовно надмудрување со обвинителката Фатиме Фетаи која пак понуди преведувачот усно да му го преведе записникот или да се даде пауза за да се преведе и писмено. Но, судијата Огнен Ставрев одлучи дека нема услови за одржување на рочиштето.

Следните судења ги закажа за почетокот и крајот на октомври.

Во судницата беа присутни сите обвинети меѓу кои и екс-директот на УБК, Сашо Мијалков

Предметот „Титатник 2“ се однесува за изборни нерегуларности во 2013 година.

Г.А.