Натали Портман во Венеција блесна во „Гучи“


Италија– Актерката Натали Портман блесна на  премиерата на филмот „Vox Lux” на Венецискиот филмски фестивал. На црвениот ќилим прошета во златнa тоалета na креативниот директор на „Гучи“ Алесандро Микеле, сандали на Џими Чу и накит на „Шопар“.

Изборот ги збуни модните познавачи, зашто Портман како заштитно лице на „Диор“ секогаш носи нивни тоалети.

Во еден момент Портман и помогна на колешката на црвениот килим  која имаше проблеми со долгата тоалета.