Народна банка бара да купи 340 килограми чоколади со слики од банкнотите
Народна банка преку електронска аукција бара да купи 340 килограми персонализирани млечни чоколади. Во објавениот оглас е појаснето дека нето тежина на чоколадите треба да изнесува до 5 грама на парче, односно треба да се изработат до 68.000 парчиња.
Млечните чоколади треба да се обвиткани во алуминиумска фолија (внатрешен дел) и хартиена фолија (надворешен дел) заедно со логото на Народната банка и слики од банкноти од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари.
Од НБРМ процениле дека за чоколадите ќе треба да платат околу 2.000 денари.