Нападнал полицаец зашто му пишал казна за брзо возење
Дваесет и тригодишен маж од Скопје нападнал полициски службеник откако му била изречена казна за пречекорување на брзина.
„На булеварот ‘Србија’ полициски службеници вршејќи службени задачи – радарска контрола сопреле патничко моторно возило ‘форд фиеста’ со скопски регистерски таблички управувано од А.А.(23) од Скопје. Потоа, при изрекување казна за пречекорување брзина, истиот почнал да ги навредува и да им се заканува, а во еден момент нападнал еден полициски службеник“, соопшти МВР.
Лицето било приведено во полициската станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.