Му се слоши на сведок од случајот „Монструм“


Му се слоши на еден од сведоците во случајот монструм Ахмед Бекир. Тој бил дента кога се случи убиството пред шест години. Сведокот е на возраст од седумдестина години со оштетен слух и му беше тешко да одговара на прашањата.

Кажа дека дента ловеле риба со другарите кај Смилковското езеро.

Момчињата кои беа убиени му побарале лепче за ловење риба и заминале во непознат правец. Кога си оделе накај дома ги пресретнал човек со автоматска пушка кој им рекол бегајте ќе ве убијам.

Тој ги видел децата мртви како лежат на стомак и веднаш со другарите избегале.

(Ф.Ф.С.)