Муслиу потпиша двегодишен договор со Шкендија
Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу и официјално е член на новиот шампион Шкендија.
Муслиу изминатите шест месеци во Шкендија настапуваше како позајмен играч од косовскиот клуб Приштина.
Тетовскиот клуб објави дека го откупила договорот и потпиша двегодишен договор со репрезентативниот дефанзивец.
Муслиу од Вардар замина во Приштина, а оттаму во Шкендија каде оваа сезона имаше 15 настапи во дресот на тетовчани и постигна пет гола, од кои два во првенството и три во Купот, меѓу кои и два во финалето против Пелистер.