Мончи: Ќе му се одмаздиме на Ливерпул за поразот од 1984-та
Денешната ждрепка за полуфиналето на Лигата на Шампионите даде одлична можност за Рома да се реваншира на Ливерпул за поразот во финалето на КЕШ во 1984 година, изјави спортскиот директор на „волците“ – Рамон Родригез Вердехо, или популарно Мончи.
Рома загуби со 2:4 на пенали на „Олимпико“ во финалето на КЕШ во 1984 година и ја загуби најдобрата шанса да освои европски трофеј.
Ливерпул е домаќин на првиот натпревар.
– Пред нас е совршена можност да се реваншираме за поразот од Ливерпул во 1984-та. Се среќаваме со многу силен тим, кој го елиминира Манчестер Сити, но ние треба да мислиме само за нашето претставување и како да ја повториме играта која покажавме против Барселона, прокоментира Мончи пред италијанските медиуми, веднаш по ждребот.