Модно освојување на Африка: Меланија слета во Гана во „Селин“


Гана– Првата дама на САД, Меланија Трамп, слета во Акра, главниот град на Гана во фустан на „Селин“. На првата станица од својата петдневна турнеја низ Африка, Меланија покажа практичност со доза на шик.

Во боите на Африка тргна сама, без претседателот Трамп, во освојување на африканскиот континент. Во кашмирски мантил и салонки на високи потпетици со леопардов дезен на Маноло Бланик од 1 000 долари, полета од Вашингтон на патувањето. Освен Гана, ќе ги посети и Малави, Кенија и Египет. Во овие земји ќе се фокусира на прашањето на здравјето и образованието и ќе ги посети локалните болници и училишта.

Самостојните патувања се традиција кај првите дами на САД. Мишел Обама во 2010 сама го посети Мексико, а следната година и Африка. Лора Буш, исто така, патуваше сама неколкупати, а првата посета ѝ беше во 2002 година на Европа.