Модерната жена во фокусот на второто издание на „Профемина“


Во хотелот „Александар Палас“ денес по вторпат се одржува „Профемина“, регионална конференција што се организира во повеќето земји .

-Убавина, мода, нега, здравје, љубов, партнерства, мајчинство, професионален развој, финансии, се темите што ја засегаат модерната жена и токму тие ја наметнаа идејата и потребата да се направи еден поинаков концепт за дискусија – отворени панели. Целта е да се обезбедат повеќе различни аспекти – стручни мислења, искуства на учесниците во панелите, ставови, дилеми и прашања од присутните гости, бидејќи не секоја жена ги поседува истите шанси да ги добие одговорите на прашањата што ја засегаат, велат организаторите.