Мишел Обама во бело на ТВ емисија
САД- Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама синоќа гостуваше во емисијата “Today”, каде се појави во фантастично бело издание потсетувајќи нè дека таа и понатаму е модна икона.
Обама носеше бел миди фустан со реси на преклоп со потпис од дизајнерката Рејчел Комеј која го комплетираше со ремен во иста боја. На нозете носела бели салонки, а изгледот го надополни со големи бисерни обетки.
Во бело од глава до пети, госпоѓата Обама никој не остави рамнодушен, а јавноста ја воодушеви со својата фантастична фигура и младешкиот изглед на 54 години.