Министерот Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура


Министерот за надворешни работи Никола Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура  „Ја сакам Македонија”,што во организација на Министерството за надворешни работи се одржува во Охрид, а на кој учествуваат деца со македонско потекло од десет држави од еегионот и пошироко.
Димитров изразил благодарност за интересот да се посетува наставата по македонски јазик и потенцирал дека бројното присуство е уште еден доказ за љубовта кон Република Македонија како нивна втора татковина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.
Министерот укажал на потребата, сите и особено најмладата генерација да го чуваме и афирмираме македонскиот јазик  како наше најголемо духовно и културно наследство.
– Овие манифестации се од огромна важност за нас како Македонци и нужно е да продолжат да се негуваат и да стануваат помасовни, пред се’ заради нашите идни генерации, рекол министерот.
Оваа манифестација се одржува од 2012 година