Министерот Бектеши на конференција „Балкан и ЕУ – петгодишен циклус на Берлинскиот процес“


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска и утре ќе учествува на економската конференција „Балкан и ЕУ – петгодишен циклус на Берлинскиот процес“, која се одржува во Будва – Црна Гора.

На панел дискусијата на тема „Регионалната соработка како сегмент на европските интеграции/Економијата – генератор на целокупниот развој“, тој ќе го претстави напредокот на Република Македонија по Акцискиот план од Трст.

Планот, како што посочуваат од Министерството за економија, е израз на сериозните заложби за унапредување на економската интеграција на регионот, како чекор кон европската интеграција, а ќе ги презентира и досегашните резултати од Планот за економски раст и реализираните реформи во насока на одржлив економски развој.

Фото: Б. Грданоски