Заврши вештачењето: Мерцедесот кој го нарача Груевски со дупло пониска цена


Според тврдењата на 24 вести луксузниот мерцедес кој го нарача поранешниот премиер Никола Груевски, сега вреди дупло помалку.

Односно, според формулите на проценителот, утврдено е дека неговата вредност сега е 60% помалку од онаа во 2012. кога бил купен. Со возилото досега биле поминати 80.500 километри. Неговата регистрација има важност до јули 2019 година. Гумите, кои се отпорни на куршуми мора да се заменат, а еден пари чини 20.000 евра.

Тоа значи дека автомобилот кој во 2012 година чинеше 600. 000 евра, сега се проценува на вредност од 234 000 евра.