МВР со детали за пукањето во Арачиново: Повредени двајца полицајци


Двајца полицајци попладнево се повредени во село Арачиново откако се обиделе да легитимираат две лица барани со потерница.

Како што соопшти вечертва МВР  инцидентот се случил околу 17 часот на ул. 1 во Арачиново кога полицајците запреле „Голф“ во кое се превезувале две лица  О.М. (33) и Г.М. (20),  кои се бараат со потерница за издржување на затворска казна. Во моментот кога еден од полицајците се доближил до возилото, возачот О.М. го стартувал голфот наназад и го удрил полицаецот. Полицијата испукала неколку предупредувачки куршуми во воздух, но возачот на возилото не застанал туку удрил во другиот полициски службеник, по што избегал.

Од МВР преземаат мерки за пронаоѓање на О.М. и Г.М., а на двајцата полициски службеници им е укажана помош во Градската општа  болница „Наум Охридски“ и се пуштени на домашно лекување