МВР демантира: Немаме осомничен мигрант за пет убиства


Македонската полицијата ги демантира информациите на регионалните медиуми кои објавија дека во Велика Кладуша, БиХ, е уапсен мигрант кој се сомничи за пет убиства во Македонија.

„На териоторијата на Македонија во ниту еден сектор за внатрешни работи не е регистриран таков случај. А, со самото тоа ниту имаме такво осомничено лице“, велат од МВР за Независен весник.
Босански „Аваз“, вчера објави дека мигрант пред две недели бил уапсен во Велика Кладуша, Босна и Херцеговина, во близина на границата со Хрватска и дека тој е осомничен за убиство на пет лица во Македонија.
Началник на тамошното МВР, Мујо Коричиќ, изјави дека во дополнителната истрага било утврдено дека уапсениот мигрант е осомничен за убиство на пет мигранти во судир во Македонија.
– Во Последните четири месеци во Унско-санскиот кантон се извршени 250 кривични дела, како обид за убиство, силување, тешки кражби – рече Коричиќ.