Македонските ракометари како носители при ждрепката за ЕП 2020


На извлекувањето на квалификациските групи за Европското првенство 2020 година што ќе се одржи на 12 април во Трондхајм, Норвешка, Македонија ќе биде сместена во првиот барабан заедно со другите носители. Рангирање на репрезентациите по шешири произлегува од рејтингот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) што се пресметува според резултатите од претходните квалификациски циклуси и големи натпреварувања.

„Барабан 1“: Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија, Унгарија, Македонија

„Барабан 2“: Русија, Чешка, Полска, Исланд, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Холандија, Португалија

„Барабан 3“: Летонија, Литванија, Швајцарија, Словачка, Украина, Израел, Турција

„Барабан 4“: Финска, Белгија, Естонија, Грција, Романија, Италија, Косово, Фарски Острови

На ЕП 2020 за првпат ќе учествуваат 24 репрезентации. Од осумте квалификациски групи ќе одат двете најдобро пласирани селекции плус половина од третопласираните репрезентации.

Сигурен пласман досега имаат домаќините: Шведска, Австрија и Норвешка како и актуелниот шампион Шпанија.

Квалификациите ќе почнат кон крај на октомври во оваа година.