Македонија и нуди два авиони на Грција за пожарите


Директорот за заштита и спасување, Аднан Џаферовски истакна дека Македонија е подготвена да помогне во справување со пожарите кои беснеат во Грција.

„Од синоќа сме во постојан контакт со центрите во Грција. Од утрово сме на координативна седница, се организираме за пожарите и понудивме помош за гасење пожар. Чекаме повратен сигнал. Од утрово се спремни два авиони за гасење пожар. Екипите се спремни. Се очекува секој момент да летнат“, рече Џаферовски.

Најмалку 50 луѓе ги загубија животите во пожари во Грција кои од вчера беснеат во најголем дел во областа Атика. Дваесет и шест тела се пронајдени во двор на таверна во населбата Мати, во источниот дел на областа Атика.