Македонец измамил фирма за цвеќе во Еквадор


Полицијата во Нови Сад уапси двајца државјани на Македонија и на Италија, поради сомневање дека ја службената положба. Четириесет и двегодишниот Н.Н. и С.Н. (61) се товарат дека од ноември 2016. до мај 2017 година, со лажен документ, купувале цвеќе од компанија во Еквадор врз основа на фалсификувани банкарски потврди за плаќање.

На тој начин го довеле во заблуда бизнис партнерот дека робата е платена и со тоа ја оштетиле еквадорската фирма за 25 милиони динари (околу 200.000 евра). На двајцата осомничени им е одредено задржување до 48 часа по налог на обвинителството во Суботица, пишуваат српските медиуми.